На 11.04.2025 година се одржа државниот натпревар по англиски јазик ХИПО. Сите ученици што учествуваа на натпреварот постигнаа високи резултати.
Во категоријата ХИПО 2 учествуваа тројца ученици:
-Наум Павлески(VII одд.) го освои четвртото место и се здоби со право на учество на регионалниот натпревар за европски и медитерански земји. Натпреварот ќе се одржи од 26-ти до 28-ми мај во Италија.
Лазар Китани(VIIодд.) и Амди Шаро(VIIодд.) се здобија со право на учество на квалификациите за плеј-оф кои ќе се одржат во Англија (ментор: Емилија Паункоска ).
Во категоријата ХИПО 1 учествуваше ученикот Burak Bafto(V одд.) кој според освоените поени е пласиран за квалификациите за плеј-оф, но според правилата на натпреварот оваа година учениците од категоријата ХИПО 1 нема да можат да одат во Англија (ментор: Сибел Ривени Елмаз)
Им честитаме на учениците и им посакуваме успех во иднина!