Надлежности на советот на родители
– дава мислење за предлогот на програмата за развој на основното училиште и за годишната програма за работа,
– расправа за извештајот за работата на училиштето,
– дава мислење и предлага мерки за подобрување на наставата и воннаставните активности,
– разгледува жалби на родителите односно старателите во врска со воспитно-образовната работа,
– учествува во самоевалуација на работата и постигањата на училиштето,
– иницира и спроведува активности за подобрување на квалитетот на училиштето,
– учествува во оценувањето на исполнетоста на стандардите за наставниците и стручните соработници за напредување во звањата ментор и советник,
– избира претставници во училишниот одбор на основното училиште и
– врши други работи утврдени со статутот на училиштето.
Архива: