Членови на училиштен одбор:
Шклќим Ќоку – претседател
Весна Камнарова – родител
Сафета Реџеп – родител
Лидија Паскоска – одделенски наставник
Семра Салих – предметен наставник
Ресуљ Османи – предметен наставник
Суарта Амети – надворешен член
Надлежност на училишниот одбор
Член 108
(1) Училишниот одбор на основното училиште:
– донесува статут на основното училиште,
– предлага годишна програма за работа и извештај за работа на основното училиште до советот на општината, а државните основни училишта до Министерството,
– донесува Развојна програма на училиштето,
– предлага финансиски план до основачот,
– предлага завршна сметка до основачот,
– објавува јавен оглас за избор на директор во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Северна Македонија од кои еден од весниците кој се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик,
– врши интервју со кандидатите за директор,
– предлага на градоначалникот на општината односно на министерот еден кандидат од пријавените кандидати на објавениот јавен оглас за избор на директор,
– дава предлог до директорот за избор на наставниците и стручните соработници,
– донесува решение за користење на годишен одмор на директорот на основното училиште,
– одлучува по приговорите и жалбите на вработените во основното училиште,
– одлучува по жалбите на ученици, родители, односно старатели на ученици и
– врши и други работи утврдени со статутот на основното училиште.
(2) Училишниот одбор на основното училиште за поднесените жалби мора да одлучи во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на жалбата.
(3) Доколку подносителот на жалба е член на училишниот одбор истиот се иззема од процесот на одлучување по жалбата.