Надлежност на наставничкиот совет

Член 122

(1) Наставничкиот совет на основното училиште го сочинуваат одделенските и предметните наставници и стручните соработници на училиштето. Наставничкиот совет го свикува и со него претседава директорот.

(2) Наставничкиот совет на основното училиште:
– дава мислења по предлогот на Развојна програма и на годишната програма за работа и го следи нејзиното извршување,
– предлага членови за училишен инклузивен тим и други тимови во училиштето,
– го разгледува и утврдува успехот на учениците и работата на други стручни органи,
– им одобрува на учениците побрзо напредување во основното училиште,
– го разгледува остварувањето на наставниот план и програмите и презема мерки за нивно извршување,
– дава мислење за распределба на часовите меѓу наставниците,
– донесува одлуки по приговори на учениците за утврдени оценки,
– го разгледува извештајот од реализација на годишната програма за работа, од самоевалуација, од извршената интегрална евалуација и предлага соодветни мерки,
– расправа и одлучува за стручни прашања поврзани со воспитно-образовната работа,
– дава мислење за годишниот финансиски план на училиштето,
– избира претставници во училишниот одбор,
– дава мислење за планирањето, реализацијата и вреднувањето на постигањата во наставата и учењето,
– го разгледува годишниот извештај за работа на наставниците и стручните соработници и предлага соодветни мерки,
– учествува во оценувањето на исполнетоста на стандардите за наставниците и стручните соработници за напредување во звањата ментор и советник,
– одлучува за воспитни мерки и
– врши и други работи утврдени во статутот на училиштето.