Учебна 2024/25 год.

Назив на проектот: Реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните училишта

Наставници реализатори: Марија Пупиноска Гогова, Лизана Зиба, Зухал Неби Мумин, Наташа Илоска.

Цел на активностите е подигање на свеста за важноста од спречување на насилството во училиштата и развивање вештини кај учениците за препознавање, спречување и справување со насилство. Користејќи интеграција на предметите информатика, ликовно образование и образование на животни вештини учениците создадоа дигитални и физички материјали кои ја пренесуваат важната порака за спречување и заштита од насилство, но и толеранција и меѓусебна почит, создавајќи траен симбол на позитивни вредности во училиштето.

Учебна 2023/24 год.

Назив на проектот: “Градиме нови мостови”

Наставници реализатори: Сибел Ривени Елмаз, Емилија Паункоска, Ибраим Елмаз, Наум Ристески, Бурим Хидри, Лизана Зиба, Марија Пупиноска Гогова, Зухал Неби Мумин, Наташа Илоска.

Во ООУ”Братство Единство”-Охрид, во рамките на проектот Градиме нови мостови 2023/24, беа реализирани заеднички часови по ФЗО, англиски јазик, музичко образование и информатика во текот на целата учебна година. Проектот беше финансиран од Фондот за интегрирано образование на ОБСЕ, а грантот беше искористен за реновирање на спортската сала во централниот објект на училиштето. Исто така дел од средствата на проектот беа наменети и за набавка на два преносни компјутери и еден синтисајзер, со кои ќе се подобрат условите за реализирање на наставните програми по англиски јазик и музичко образование.

Од реализираните спортски активности, учениците Ервин Рустем и Божин Стојаноски креираа видео запис и истиот беше промовиран на патрониот празник на училиштето и на социјалните медиуми.

Назив на проектот: „Земете ја иднината во ваши раце“

Отворена изложба со фотографии кои ја подигнуваат граѓанската и институционалната свест за езерото на УНЕСКО и најголемото богатство што го имаме, од кои 10 фотографии се изработки на ученици од нашето училиште.

Во учебната 2020/2021 г. продолжува реализацијата на следните проекти:

• Примена на активности од ПМИО
• Продолжува реализацијата на ЕКО – проектот
• Примена на активности од Проектот Е-пристапно образование за ученици со посебни образовни потреби
• Проект – Безбедни училишта
• Примена на активности од Проект – Вештини за адолесценција
• Проект – Заедничка грижа за правилно насочување на учениците
• Проект – Ресурсен пакет за ученичко учество и заштита на детските права
• Проект – Училиште на 21 век – Микробит секција
• Проект – Граѓанско образование
• Проект – Антикорупциска едукација на учениците во основните училишта

Училиштето е постојано присутен апликант на проекти преку кои добива грантови и материјали кои даваат свој придонес во реализацијата на што поквалитетна настава и постигнување на што подобри резултати и успеси. Континуирано се аплицира и се добиваат грантови и материјали од страна на Macedonia Schools Project, „Градиме мостови“, како и грантови за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните училишта од страна на МОН.
Училиштето во својата училишна политика планира и во наредниот период да аплицира и да се вклучува во проекти кои ќе бидат од посебен интерес и значење за работата, развој и напредок на училиштето.