1. Задолжителна настава
Задолжителната настава се реализира согласно годишниот фонд на часови предвиден со наставниот план и програма за деветгодишно основно образование.
Наставата се изведува во две смени и тоа прва смена од 7:30- 13:00ч, додека втората смена од 13:30- 19:00 ч.
Во текот на наставната година ќе се реализираат минимум 180 наставни денови согласно календарот за работа на училиштето.
Насоки за планирање, организирање и реализирање на наставата во учебната 2023/24 год.
2. Слободни изборни предмети
Училиштето организира изборна настава во паралелките на трите наставни јазици. Изборот на изборен предмет се врши со анкетирање на учениците и писмена согласност на нивните родители.
Водич за слободни изборни предмети
3. Дополнителна настава
Дополнителната настава е задолжителна и за наставниците и за учениците и се реализира според однапред подготвен распоред кој е достапен на увид на родителите.
Овој вид настава се организира за ученици кои се соочуваат со повремени тешкотии во учењето и кои напредуваат побавно или заостануваат во усвојувањето на содржините и другите задачи од еден или повеќе предмети.
Нејзината реализација отпочнува во периодот кога ќе се идентификуваат потешкотиите и потребите во учењето кај одредени ученици. Секој предметен наставник е задолжен да одржува по еден час неделно.
Групите ќе бидат променливи по состав и број а ќе зависат од потребите на самите ученици. Времетрањето на часовите ќе биде флексибилно, заради специфичноста на овој вид настава за секој ученик неопходно ќе се применуваат индивидуални форми на работа или работа во тандеми и микро групи, а поретко и фронтална работа и со учениците од групата.
Дополнителна настава организираме и по завршувањето на наставната година за оние ученици кои покажале негативни резултати по еден или два наставни предмети.
4. Додатна настава
Се организира за ученици кои во тек на редовната настава постигнуваат натпросечни резултати и оние кои се пројавуваат и потврдуваат со особена надареност и талентираност во одделни наставни предмети.
Секој предметен наставник е задолжен да одржува по еден час неделно доколку учениците пројават интерес за истата.
Во реализацијата на додатната настава ќе се применуваат најразлични форми и методи на работа како: индивидуализирана, тандем, проблемска, изградување на систем и постапки за истражувачки активности, експериментирање, работа врз одделни проекти и др.
5. Индивидуализирани програми за работа со надарени и талентирани ученици
Во ситуација кога се констатира дека поедини ученици се истакнуваат над другите со своите способности и вештини, а постојните наставни планови и програми не можат да ги задоволат нивните интереси, ќе се применува педагошка работа со посебна програма за работа со надарени и талентирани ученици. Согласно природата на нивната надареност ќе се работи индивидуално со цел задоволување на нивните потреби и интереси.
6. Индивидуализирани програми за деца со посебни образовни потреби
По идентификација на одредени ученици кои не можат да ги усвојат наставните планови и програми со дефинираните образовни содржини, ќе се применува педагошка работа со индивидуални образовни планови – ИОП според нивните можности и способности. Во соработка со специјалниот едукатор и инклузивниот тим наставниците ќе изработат ИОП за секој ученик со посебни образовни потреби.
7. Употреба на ИКТ во наставата
Сите наставници се обучени за употреба на ИКТ во наставата и ги употребуваат за реализација на ннаставните содржини. Секој од наставниците во тематско – процесните распределенија има предвидено користење ИКТ техники при реализација на одредени наставни содржини (30 %). Како поддршка за реализација на наставата по одредени предмети, наставниците користат едукативни содржини поставени на релевантни сајтови на интернет или изработуваат свои е- содржини прилагодени на наставните содржини.
Во рамките на проектот „Училиште на 21 век“, дел од наставниците по природната група предмети, мајчин и странски јазик реализираат часови и со користење на микро-бит уреди, со цел да го поттикнат критичкото размислување и да го промовираат кодирањето кај учениците од најрана возраст.