Учебна 2025/26 година
Новогодишен базар
На 29.12.2025 год. учениците и наставниците од трите наставни јазици организираа Новогодишен базар како мултикултурна активност, со која покажаа способност за соработка во група, ефективна комуникација и почитување на културната разновидност. Преку продажба на рачно изработени производи и храна, учениците ги развиваа претприемничките вештини, одговорното однесување и иницијативноста. Активноста овозможи примена на знаењата во реален контекст и придонесе кон градење позитивна училишна клима и меѓусебно разбирање меѓу ученици и родители од трите наставни јазици.






