Теренска настава – Национален парк „Галичица“

На 14.5.2025, наставникот Петар Наумоски реализираше теренска настава во Националниот парк „Галичица“, каде учениците имаат можност да го истражат богатството на растителниот и животинскиот свет во природна средина. На овој начин, тие не само што учеа за биодиверзитетот, туку и ја развиваа свеста за заштита на природата и важноста на националните паркови. Теренската настава, може да се заклучи дека ги мотивира учениците, ја поттикнува нивната љубопитност и го збогатува нивното географско знаење постигнато преку нивно лично искуство. Резултатите покажуваат дека во иднина ќе се реализираат поголем број часови надвор од училница, со што учениците ќе се дружат со природата и истовремено ќе стекнуваат трајни знаења од областа на географијата.

Теренска настава – Пожарна, Охрид

На 11.5.2025 год. во рамки на истражувањето на тема „Важноста на теренската настава при изучување на предметот географија“, со учениците од седмо одделение, наставникот Петар Наумоски реализираше практичната теренска настава поврзана со неколку наставни содржини.

Поврзано со заштитата и превенцијата на шумите од пожари, ја посетија единицата Пожарна – Охрид, каде учениците имаа можност одблиску да се запознаат со нивната опрема, начините на делување при интервенции, како и со значењето на превенцијата и одговорното однесување во природа. Активно поставуваа прашања и покажаа искрен интерес за нивната работа, што особено не радува.

Интегрирани часови