Еко работилница- Грижа за околината

Учениците од второ одделение учествуваа во Еко работилница- Грижа за околината -Гасови. Учениците преку изведување на експеримент опишуваа позитивни и негативни влијанија на човекот врз околината. Резултатите ги споредуваа со дадени претпоставки и заклучија дека поради распаѓањето на овошјето во водата, балоните со кои се затворени шишињата се дуваат т.е. дека со распаѓањето на отпадот се ослободуваат штетни материи во воздухот. Одделенски наставници: Ангела Јорданоска и Катерина Ристеска.

Едукативни работилници за влијанието и примената на вештачката интелигенција во секојдневни задачи

Учениците од VII-IX одделение имаа можност да учествуваат на неколку едукативни работилници поврзани со вештачката интелигенција (ВИ) и нејзината сè поголема улога во нашето секојдневие, организирани и реализирани од наставничките по информатика Марија Пупиноска Гогова и Лизана Зиба. Работилниците беа интерактивни и поттикнувачки, а учениците работеа тимски, истражуваа и дискутираа за различни позитивни и негативни ефекти од користењето на вештачката интелигенција.

Со работилниците беа опфатеми следниве аспекти: „Примена на ВИ во социјалните медиуми“, „Користење на ChatGPT во секојдневни задачи“ и„ВИ и машините за пребарување“. Учениците истражуваа како социјалните медиуми користат алгоритми за персонализација на содржините, препораки, таргетирање реклами и управување со податоци. Преку практични примери и анализа на реални ситуации, дискутираа за тоа како ВИ го обликува нашето онлајн искуство и колку е важно критички да пристапуваме кон дигиталните медиуми. Од друга страна, имаа можност самостојно да експериментираат со ChatGPT, преку правилно пишување промптови до добивање корисни информации за нивните задачи.

Овие активности придонесоа кон развивање на дигитална писменост, одговорно користење на технологијата и поттикнување на креативноста кај учениците. Работилниците беа одличен пример за тоа како современите образовни практики можат да одговорат на потребите на новите генерации ученици.

Промотивен школски спот – I награда на Филмскиот фестивал КРЕФ