Во организација на Природно-математичкиот актив при ООУ „Братство Единство“ – Охрид, беше реализирана наставно-научна екскурзија со учениците од седмо одделение од трите наставни јазици – македонски, турски и албански.
Целта на оваа посета беше учениците да ги прошират своите знаења од наставните предмети математика, физика и географија преку непосредно запознавање со научната работа на , како и преку активно учество во интерактивни активности и демонстрации.
Во текот на посетата, учениците најпрво присуствуваа на интерактивно и динамично предавање по математика, каде што преку логички задачи и интересни предизвици имаа можност активно да размислуваат, да соработуваат и да ги покажат своите знаења.
Потоа, на Институтот по географија, учениците се запознаа со практичната примена на географијата преку предавање и обиколка, што им овозможи подобро да ја разберат поврзаноста помеѓу природата и човекот.
Особено внимание кај учениците предизвикаа демонстрациите по физика, каде преку експерименти и директно учество, тие на едноставен и забавен начин се запознаа со различни природни појави и закони.
Покрај едукативниот дел, екскурзијата им овозможи на учениците и меѓусебно дружење, соработка и создавање убави спомени. Ваквите активности придонесуваат за развивање на љубопитноста, интересот за науката и мотивацијата за понатамошно учење.
Голема благодарност упатуваме до професорите од Природно-математичкиот факултет за топлиот прием, гостопримството и прекрасно осмислените активности, кои оставија силен впечаток кај учениците.
Оваа екскурзија уште еднаш покажа дека учењето може да биде интересно, динамично и исполнето со нови искуства кога знаењето се стекнува преку практика и доживување.





