Директор – Ајсељ Доко Реџеп

Надлежност на директорот

Член 113

(1) Директорот ги врши следниве работи:
– го застапува и претставува училиштето и е одговорен за законито работење,
– ја организира, планира и ја води работата на основното училиште,
– ја следи и унапредува воспитно-образовната работа во училиштето,
– подготвува Развојна програма на училиштето,
– подготвува предлог на годишна програма за работа и извештај на училиштето,
– е одговорен за реализација на годишната програма за работа,
– е одговорен за остварување на правата и обврските на учениците,
– е надлежен за пријавување на кој било облик на насилство, злоупотреба и занемарување сторено врз ученик, до надлежните институции утврдени со закон,
– врши избор на наставници, стручни соработници, и друг административно-технички кадар согласно со закон и актите на училиштето,
– врши распоредување на наставници, стручни соработници, и друг административно-технички кадар,
– одлучува за престанок на работен однос на наставници, стручни соработници и воспитувачи и друг административно-технички кадар согласно со закон и колективен договор,
– врши контрола врз начинот на водењето на професионалните досиеја на наставниците и стручните соработници,
– поттикнува, следи и организира стручно оспособување и усовршување на наставниците и стручните соработници,
– организира менторство за наставниците-приправници, стручните соработници-приправници, воспитувачи-приправници, присуствува на часови во наставата согласно со планот за посета на часови од годишната програма за работа на училиштето, за што составува препораки и забелешки од остварената посета кои се приложуваат кон професионалното досие на наставникот и ја следи работата на наставниците, стручните соработници и воспитувачи и ги советува,
– ја следи работата на училишниот педагог, психолог и другите стручни работници,
– за време на користење на годишен одмор, боледување, како и во други оправдани случаи на отсуство, директорот определува лице од редот на вработените во основното училиште кое го заменува,
– се грижи за соработката со родителите односно старателите,
– ги известува родителите односно старателите за работата на училиштето и за измени на правата и обврските на учениците,
– одлучува за воспитните мерки,
– ја организира и следи работата на училишниот инклузивен тим и други тимови во училиштето,
– ја следи работата на стручните органи во училиштето,
– ја поттикнува и следи работата на заедницата на учениците,
– обезбедува извршување на одлуките на училишниот одбор,
– ја донесува систематизацијата на работните места на училиштето,
– одлучува за склучување договори за работните односи,
– го формира училишниот инклузивен тим,
– покренува постапка за дисциплинската одговорност на вработените во училиштето,
– се грижи за соработката на училиштето со здравствената установа во општината и
– врши други работи согласно со закон и статутот на училиштето.

(2) Освен работите од став (1) на овој член, директорот на основното училиште со ресурсен центар ги врши и следниве работи:
– врши избор на образовни и лични асистенти кои им даваат поддршка на основните училишта во работата со ученици со попреченост,
– врши распоредување на образовни и лични асистенти кои им даваат поддршка на основните училишта во работата со ученици со попреченост и
– поттикнува, следи и организира стручно оспособување и усовршување на образовните и личните асистенти кои им даваат поддршка на основните училишта во работата со ученици со попреченост.

Помошник директор – Доминика Чауле