Нема конечни информации за почетокот на учебната 2020/2021 година

Моделите што веќе ги подготви Министерството за образование ќе бидат разгледани уште еднаш на следниот состанок со Комисијата за заразни болести.  Планот на Министерството за образование за реализација на образовниот процес во пандемијски услови содржи три модели: организирање на настава со физичко присуство на учениците, учење од далечина и комбиниран концепт на реализација на наставата. Во текот на следниве денови се очекува конечна одлука на Министерството за образование околу моделот на следење на наставата и запознавање на учениците со безбедносните протоколи за заштита од вирусот Ковид 19.