Европски квиз на парите

Македонска банкарска асоцијација во соработка со Народна банка и Комисија за хартии од вредност организира „Eвропскиот квиз на пари“ кој е најголемиот европски натпревар за финансиска писменост и привлекува речиси половина милион играчи. Натпреварот ги обединува учениците од 13 до 15 години за да го тестираат своето финансиско знаење и да развијат вистински вештини за донесување добри финансиски одлуки. Од нашето училиште зедоа учество 16 ученици од осмо и деветто одделение на македонски наставен јазик, под менторство на наставничките Марија Пупиноска Гогова и Ирина Ѓерасимоска и 6 ученици од турски наставен јазик под менторство на наставничката Сезен Таип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *