Натпревар „Европски квиз на парите“

Во организација на Македонската банкарска асоцијација, учениците од ООУ„Братство Единство“-Охрид зедоа учество на Националниот натпревар „Европскиот квиз за пари“  кој има за цел да ја промовира финансиската писменост кај младите.  Натпреварот се одржа на 01.04.2025 година – прв круг кој се реализираше онлајн преку платфромата Webex и апликацијата Kahoot. У

               На натпреварот зедоа учество 20 ученици под менторство на наставниците: Марија Пупиноска-Гогова, Ирина Ѓерасимоска, Маја Гугоска Дулеска и Македонка Мувческа Кузманоска. Ученици учесници: Сара Бајрам, Теодора Николоска, Елена Попоска, Лана Ристеска, Теодора Јаќимоска, Андреа Савеска, Божин Стојаноски, Ервин Рустем, Адриана Ракипоска, Ана Томеска, Мартина Николоска, Андреја Ќулукоска, Антонио Ракип, Коста Битракоски, Захира Рахман, Емилија Целеска, Матеа Ристеска, Ивона Иваноска, Димитар Димоски и Хелена Дамјаноска.

               Сите ученици на натпреварот се стекнаа со сертификати за успешно учество.