Детска трка – Охрид трчаТ

На 09.05.2025 на градскиот стадион се одржа големата Детска трка – Охрид трчаТ, која по четврти пат се организира во Охрид. Оваа е една прекрасна манифестација, која ја буди желбата за спортување и носи огромна позитивна енергија во Охрид. Денес нашите првачиња трчаа за здравје и за радост. Нивните мали чекори оставија траги на надеж и ведрина и испратија една голема порака по повод Светскиот ден на физичката активност!

Здравите навики се градат од најмала возраст. Оваа трка не е само спортски настан, ова е доказ на нашата свесност за здрав живот, здрави деца и активни ученици, кои ќе растат со спортски дух, со дисциплина и со чувство за заедништво.