Специјална награда за ООУ„Братство Единство“-Охрид на натпреварот Trash4Art

И оваа година нашето училиште учествуваше на натпреварот организиран од Пакомак Trash4Art 2024. Тим од ученици и нивни ментори креираа скулптура од електронски отпад со наслов “Мода на иднината”. Училиштето ја освои специјалната награда од компанијата Нула Отпад од Скопје и награда од 30000 ден за училиштето. Браво за нашите креативни ученици и нивните ментори Наташа Илоска, Резарта Лога, Николина Србакоска Трпоска, Марија Пупиноска Гогова и Борис Лушески. Голема благодарност и до Беким и Авни, вработени како технички персонал во училиштето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *