Првенец на генерација 2023/24

Ахмед Сулејман е избран за првенец на генерација 2023/24 на ООУ „Братство Единство“ Охрид. Во конкуренција од 11 ученци Ахмед освои најмногу поени според „Правилникот за избор на Првенец на генерација на ООУ Братство Единство“. Ахмед Сулејман покрај континуираниот одличен успех, примерно поведение и редовност во наставата, особено се истакнува по големиот број на освоени награди на општински, регионални и државни натпревари по Математика. Исто така Ахмед има учествувано на голем број на активности, натпревари од природно – математичката група на предмети и информатичка содржина и на истите достојно го презентирал нашето училиште притоа освојувајќи голем број на награди. Ахмед учествувал и на голем број на активности спроведено во нашето училиште. Покрај Ахмед Сулејман Пофалени беа и учениците Анастасија Динева, Емилија Лушеска, Сара Усеини и други ученици.