Со големо задоволство соопштуваме дека титулата Првенец на генерацијата 2025/26 оваа година му припаѓа на ученикот Димитар Димоски од IX 6 одделение.
Димитар Димоски го заокружува своето основно образование со континуиран, беспрекорен одличен успех и примерно поведение кое со години служеше како златен стандард, инспирација и вредносен патоказ за неговите врсници. Сепак, највпечатливиот белег на неговата личност е неговата благородна природа. Димитар е олицетворение на автентична добрина и висока емпатија — дете кое со својата смиреност и доблест внесуваше хармонија во училишното живеење, несебично градејќи мостови на искрено другарство и меѓусебна поддршка.
Покрај евидентниот и раскошен интелектуален капацитет, Димитар е уметничкото срце и естетскиот печат на нашето училиште. Неговиот ангелски глас беше наградуван на бројни натпревари во индивидуално и хорско пеење.
Од името на сите вработени во ООУ,,Братство Единство”, на Димитар му посакуваме многу среќа во новото поглавје од неговото образование . Изборот на нашиот првенец да го продолжи своето образование во средното богословско училиште МПБ,,Св.Климент Охридски”, го доживуваме како возвишена и длабоко осмислена определба, во склад со неговиот благороден дух, примерен карактер и високите етички начела кои го красат. Му посакуваме пат исполнет со мудрост и духовно созревање, цврсто верувајќи дека ќе им служи на вистинските вредности, на радост на своето семејство, наставниците и целата заедница.