Патрониот празник на училиштето ООУ„Братство Eдинство“-Охрид се одбележа со низа активности од страна на учениците кои ја следат наставата со физичко присуство и квизови на знаења за учениците кои наставата ја следат онлајн. По повод патрониот празник беше изработен видео запис, со заеднички активности на учениците од различните националности во училиштето, во ритамот на химната на училиштето „Сите сме едно – живееме заедно“.