По повод верскиот празник „Велигден“, нашето училиште ООУ „Братство Единство“ со гордост учествуваше на хуманитарниот велигденски базар во организација на Општина Охрид и Црвен крст.
На штандот беа претставени креативни велигденски изработки подготвени со многу љубов и труд од нашите ученици.
Им благодариме на сите што го посетија базарот и дадоа поддршка за хуманата цел, како и на нашите вредни ученици!




