Учениците од I до IX одделение при ООУ „Братство Единство“ повторно покажаа колку креативност, знаење и тимска работа носат во себе! Во изминатиот период по повод „Месецот на ретките болести“ тие изработија различни воннаставни активности, но сите со иста цел – да ги подржиме лицата со ретки болести.
Нашето училиште е вистински пример за заедништво и почитување на различностите.🤝
Преку ваквите активности тие не само што стекнуваат нови знаења, туку учат и како да соработуваат, да ги почитуваат различностите и да ја негуваат толеранцијата – вредности што се темел на нашето училиште.
Браво за сите ученици и наставници кои вложија труд и љубов во ваквите хумани активности! 👏💙



